Милан бесплатно го носи напаѓачот на Ливерпул

Милан е пред ангажман на напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги. Италијанските медиуми јавуваат дека беглискиот напаѓач е веќе договорен со тимот од „Сан Сиро“ и на крајот од сезоната Ориги би стигнал во Милан како слободен агент бидејќи му истекува договорот.

Ниту Ориги наводно немал ништо против да се пресели во Милано, и покрај понудите од Премиер-лигата.

Ливерпул во 2014 година го донесе за 12 милиони евра од Лил. За англискиот тим постигна 30 голови во 171 настап. Беше стрелец и во финалето во Лигата на шампионите против Тотенхем, со што на крај „црвените“ го подигнаа пехарот.

Ливерпул пред неколку дена соопшти дека нема да му го продолжи договорот.

Се вчитува...