Македонија блесна во сиот свој сјај на дуелот со Романија, стигнувајќи до убедлива победа пред саботното гостување во Букурешт. Селекторот Лазаров, искусниот Миркуловски, но и останатите ракометари по мечот го потенцираа значењето на публиката, која ја исполни салата „Борис Трајковски“ до последно место и им даде огромна поддршка на ракометарите на патот до победата.
Пасквал е искусен тренер и знае што значи гостување во Скопје, но романските ракометари тоа го научија по потешкиот пат, откако целосно се загубија во последните петнаесетина минути, горејќи во скопскиот вулкан во кој публиката приреди фешта на трибините, а ракометарите на теренот.
Во „Борис Трајковски“ низ годините паѓале и помоќни репрезентации од Романија, а денешниот триумф само потврди дека ракометот се уште е спорт број 1 во Македонија, а врската меѓу репрезентативците и верните навивачи е нераскинлива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА