Интер одигра нерешено 1:1 против Фиорентина и освои само бод на домашен терен, на задоволство на навивачите на Милан, кој сега има предност од три бода од својот ривал, и натпревар помалку.
Интер може да биде и среќен со едниот бод, затоа што Иконе во финишот од средбата не реализираше „зицер“ за победа на „виолетовите“.
Фиорентина поведе преку Тореира во 50. минута. Интер веднаш израмни, само пет минути подоцна преку Дамфрис. Меѓутоа и покрај напорите да дојде до триумф, не успеа во тоа, па така сега им е загрозен патот кон титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА