Баерн Минхен се врати на победите во Бундеслигата, откако го совлада тимот на Унион Берлин на домашен терен со 4-0. „Баварците“ го решија прашањето околу победникот уште во првиот дел, кога имаа водство од 3-0, а до крајот постигнаа само уште еден гол за конечни 4-0 за 20-тата победа во Бундеслигата.
Коман во 16. минута на додавање на Ернандез донесе водство, а Нианзу во 25. минута зголеми на 2-0. Левандовски од пенал пред крајот на првиот дел донесе 3-0.
Полјакот во 47. минута стрелаше за 4-0, што беше и конечен резултат на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА