Рафаел Надал ќе игра во финалето на Мастерсот во Индијан Велс откако во полуфиналната пресметка го победи својот наследник, младиот сонародник Карлос Алкараз.
Шпанецот ја продолжи совршената година со нова 20-та победа во исто толку натпревари, во тешка битка победувајќи го „детето“ кое пред седум години од него бараше автограми. По цели три часа игра Надал на крај славеше со 6-4, 4-6 и 6-3.
Во финалето Надал ќе игра против Американецот Тејлор Фриц кој во второто полуфинале славеше против седмиот светски рекет, Русинот Андреј Рубљев.
„Си заминувам среќен. Првиот пат кога играв против него, тој ме уништи, сега игравме трет сет, така што сум навистина среќен. Мислам дека заслужувам да играм на највисоко ниво“ – изјави 18-годишниот Алкараз по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

