Италијанка Федерика Брињоне е победничка на последниот велеслалом сезонава кој денеска се возеше во францускиот Мерибел.
Италијанката до победата стигна со вкупно време од 2:14.68 минути што беше за 31 стотинка подобро од второпласираната сонародничка, Марта Басино. Подиумот го надополни, Словачката, Петра Влхова која доцнеше 37 стоти делови од секундата зад победничката.
Малиот кристален глобус во велеслалом го освои Французинката, Теса Ворли која заврши како четврта, а Микаела Шифрин иако беше прва по првата трка на крајот заврши седма и доживеа уште еден голем пораз сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА