Тимот на Рома е „главен“ во Рим, откако денеска го совлада составот на Лацио со 3-0. Победникот Рома го реши во првиот дел, односно во првите 40 минути кога ги дадоа сите три гола.
Абрахам во 1. минута најдобро се снајде во мешаницата и погоди во голот на „лацијалите“. На 2:0 зголеми истиот играч на асистенција на Карсдорп во 22. минута. Во 40. минута Пелегрини успеа да постигне гол и да донесе 3-0.
Рома со тоа го прескокна Лацио на табелата на петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА