КБК Шампион, со 12 медали, е најуспешен клуб од Македонија на Интернационалниот шампионат во Краљево

Кик-бокс клубот Шампион од Скопје изминатиов викенд беше дел од Интернационалното отворено првенство во Краљево, Србија каде заврши како убедливо најуспешен македонски клуб.

На шампионатот учествуваат вкупно 14 кик-бокс клубови од Македонија од кои КБК Шампион беше најдобар со освоени шест златни, четири сребрени и две бронзени одликувања.

ЛИСТА НА МЕДАЛИСТИ ОД КБК ШАМПИОН
Викторија Варадинова – злато во 65кг .
Викторија Варадинова – злато во 70кг.
Туркер Исмаил – злато
Јован Паунковски – злато
Нелсон Узеир – злато
Серџо Узеир – злато
Стефан Каевски – сребро
Иван Кукуновски – сребро
Анѓела Стоилковска – сребро
Христијан Милошевски – сребро
Амар Муарем – бронза
Андреј Блажевски – бронза

Се вчитува...