Ферстапен не може да им прости на колегите: Ова е недозволиво, вакво нешто не смееше да ни се случи!

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен беше разочаран по епилогот од првата трка во сезоната за Големата награда на Бахреин. Возачот на Ред Бул мораше да се откаже на три круга пред крајот, иако постојано се бореше со Шарл Леклер за првата позиција.

Макс Ферстапен и неговиот клупски колега Серхио Перез останаа без пласман во завршницата од првата овосезонска трка во Бахреин.

„Секогаш може да кажете дека се случуваат вакви работи, но на врвно ниво, со сите податоци кои ги имаме, ова не смееше да ни се случи. Катастрофата за Ред Бул беше уште поголема кога Серхио Перез остана без мотор на еден круг пред крајот“, изјави Ферстапен.

Следната трка се вози во недела, 25 март во Саудиска Арабија, а таму ќе има можност шампионот да го поправи впечатокот.

Се вчитува...