Неверојатен пресврт во Втората лига: Борец од „минус“ 17 до победа за една четвртина (ВИДЕО)

Покрај прволигашите на кошаркарските терени во Македонија изминатиот викенд активни беа и второлигашите, а интересен натпревар се одигра во Велес каде Борец Баскет по неверојатен пресврт славеше над Вардар со 69-63.

Гостите од Скопје одиграа одличен натпревар на крилјата на Бајрм, притоа го лимитираа домашниот состав на само 39 постигнати поени за три четвртини, а постигнаа 56, но не успеаја да го задржат налетот во последните десет минути. „Црвено-белите“ од минута во минута ја топеа предноста на минатогодишниот прволигаш, постигнаа 30 поени наспорти седумте на гостите, па на крајот стигнаа до 11 победа во лигата.

Владимир Брчков со 21 поен и Петар Виларов со 17 поени беа лидери на Борец Баскет, додека кај Вардар најефикасен беше Хусеин Бајрам со 18 поени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...