ФИФА и УЕФА пред неколку дена донесоа одлука сите странски фудбалери кои играат во рускиот шампионат, можат да ги напуштат клубовите без никакво обесштетување, и да преминат во друга средина. Претходно сите руски клубови и репрезентации беа суспендирани од сите натпревари организирани од светската и европската куќа на фудбалот.
Сето ова може да го искористи Наполи, кој токму во Русија ја најде замената за Лоренцо Инсиње. Инсиње на лето заминува во Торонто, а според информациите, него може да го замени играчот на Рубин Казан, Хвича Кварацхелија.
21-годишниот Кварацхелија е грузиски репрезентативец, кој сега целосно бесплатно може да се пресели во Серија „А“. Дека овој фудбалер е на излезна врата, говори фактот што најавил дека нема да се враќа во Казан по обврските за националниот тим, па отворени му се патиштата кон Неапол.
За Кварацхелија претходно се поврзуваше со трансфер и во Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА