Според најавената програма, финалето на премиерното издание на Лигата на конференции, кое е закажано за 25 мај, ќе се одржи во „Комбетаре арената“ во Тирана.
Сепак, медиумите во Грција, повикувајќи се на албански извори, зборуваат за големата можност УЕФА да се откаже од Тирана и да го пресели натпреварот во Атина.
Најголем проблем е Фудбалскиот сојуз на Албанија кој се уште е без претседател, а при неодамнешната посета на Александар Чеферин, јасно е дадено дознаење на Тирана дека е неопходно да се направи легитимен избор за нов претседател на фудбалската куча.
Фудбалскиот сојуз на Албанија остана без првиот човек кога беше сменет Арманд Дука, кој беше вмешан во политички скандал во таа земја. УЕФА строго забранува мешање на политика и спорт, па поради и управниот одбор донесе одлука Дука да биде сменет од функцијата на претседател.
Деновиве УЕФА ќе одржи состанок на кој ќе се донесе конечната одлука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА