Фудбалската репрезентација на Македонија со денешниот тренинг ги стартуваше подготовките за историскиот натпревар против Италија во баражот за пласман на Светското првенство кое годинава ќе се игра во Катар.
Во одлична и позитивна атмосфера „црвено-жолтите“ го одработеа првиот тренинг во Скопје, пред мечот во Палермо кој ќе се игра во четврток.
За потсетување поради жолти картони на дуелот нема да настапат Елјиф Елмас и Тихомир Костадинов, а поради повреда од списокот отпадна напаѓачот Адис Јаховиќ.
Натпреварот кој ќе се игра на „Енцо Барбера“ во Палермо е закажан за в четврток од 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА