Роналдо пред баражот за Мундијалот: Знаеме дека патот ќе биде тежок, нема лесен противник

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо е свесен за предизвикот пред неговата репрезентација, но се надева на пласман на Светското првенство. Во полуфиналето од баражот Португалија на 24 март ќе се сретне со Турција, а победникот од овој дуел во финалето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Италија и Македонија.

Роналдо во пресрет на дуелот со Турција изјави дека Португалија е максимално фокусирана за првата пречка, потенцирајќи дека има голема почит кон ривалите кои претендираат за пласман на СП.

„Целосно сме фокусирани на Светското првенство. Горд сум, како и секогаш, што ја претставувам Португалија. Знаеме дека патот нема да биде лесен, имаме голема почит кон ривалите со кои ќе се соочиме, кои имаат иста цел како нас. Но, јас и моите соиграчи веќе сме максимално подготвени да ја однесиме Португалија на местото што и припаѓа“, изјави Роналдо.

За потсетување, Португалија во последното коло од групната фаза од квалификациите загуби од Србија на домашен терен, поради што заврши во плеј-офот.

 

 

 

Се вчитува...