Возачот на Хонда, Марк Маркез повторно има проблеми со видот, по тешкиот пад кој го доживеа во текот на загревањето за Големата награда на Индонезија, потврдија од неговиот тим.
Шпанскиот мотоциклист ја пропушти трката на патеката „Мандалика“ поради потрес на мозокот по страотниот пад.
„По враќањето во Шпанија, Маркез повторно имаше проблеми со видот и мораше веднаш да ја посети болницата во Барселона. Докотро Санчез Далмау потврди дека се работи за диплопија“, соопштија од Хонда.
За потсетување, Маркез по пад во текот на мотокрос тренинг во октомври го повреди очниот нерв, што е повреда која ја заработи и десет години порано. Уште тогаш се постави прашањето дали ќе може да ја продолжи кариерата, но успеа на време да се опорави за новата сезона. Сепак и годинава не оди се во најдобар ред, па веќе се поставува прашањето дали големиот шампион ќе успее да ја врати препознатливата форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА