Микел Хансен имаше неславен крај на својата авантура во дресот на ПСЖ откако францускиот клуб вечерва објави дека состојбата по неговата повреда дополнително се искомпликувала, па Данецот нема да може да се врати на терените до крајот на сезонава.
Првите прогнози беа дека Хансен ќе може да се врати пред крајот на месец април, но по новонастанатите компликации проблемот е далеку посериозен, данскиот „бомбардер“ го очекува пауза меѓу четири и шест месеци, што значи дека Раул Гонзалез ќе го нема на располагање на клучните натпревари сезонава.
Со оглед на фактот дека тој веќе го има договорено и летниот трансфер во редовите на Алборг, јасно е дека Хансен го одигра своето во дресот на „светците“. Иако во целиот овој период беше меѓу лидерите на тимот, данскиот ас сепак не успеа да ја исполни големата желба на управата, да го одведе ПСЖ до тронот во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА