Петровиќ: Се што договоривме – играчите го исполнија

Александар Петровиќ може да биде презадоволен од играта на МЗТ Скопје на отворањето на турнирот во Широки Бријег, на кое „металците“ му одржаа лекција на домашниот тим, совладувајќи го со 78-91. Нападот функционираше беспрекорно, одбраната беше на висина на задачата кога беше најважно, па „металците“ јасно покажаа зошто се вбројуваат меѓу главните кандидати за влез во елитното друштво од регионалното кошаркарско натпреварување.

Пред Петровиќ и МЗТ се уште две средби во Широки, против Борац Бања Лука и Златибор, пред вистинските возбудувања и завршниот турнир што од 13 април ќе стартува

„Честитки на моите момци на одличната партија. Се што се договоривме, го испочитувавме и во нападот и во одбраната. Имавме контрола над скокот, одлично го контролиравме темпото на играта и заслужено победивме. Честитки и на тимот на Широки за дадениот отпор, како и на публиката за оваа одлична атмосфера“, изјави Петровиќ.

Се вчитува...