Елиф Елмас и Лоренцо Инсиње се клупски другари во Наполи. Додека Италијанецот се подготвува за дуелот со Македонија, за жал, Елиф Елмас ќе го пропушти натпреварот на „Ренцо Барбера“ поради картони.
Елмас пред неколку дена во интервју за УЕФА го фалеше Инсиње, а сега го „провоцира“ на социјалните мрежи.
Репрезентативецот на „азурите“ објави фотографија од тренинг со италијанскиот национален тим, а Елмас му врати со коментар ставајќи неколку македонски знамиња.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА