Некогашниот бразилски репрезентативец по 12 години се врати на фудбалот

Денилсон, легендарниот бразилски фудбалер кој некогаш го имаше најскапиот трансфер, официјално се врати во фудбалот на 44. години, и после 12 години пауза.

Денилсон во 1998 година го направи трансферот кој тогаш беше прогласен за најскап од 31 милиони евра, од Сао Паоло во Бетис. Неговата европска кариера не мина онака како што се очекуваше.

Во 2010 се реши да се пензионира на 32. години. Сега 12 години подоцна се реши да се врати и потпиша за нисколигашот Ибис.

„Сега можам да кажам дека е официјално. Одлучив да се вратам на фудбалот после 12 години, и сега сум дел од Ибис“, напиша Денилсон.

Се вчитува...