Раководството на Интер конечно успеа да постигне договор со Марсело Брозовиќ, откако хрватскиот играч за врска потпиша нов четиригодишен договор со клубот. Актуелниот договор на Хрватот истекуваше на крајот од сезонава, тој беше слободен да преговара со други клубови надвор од Италија, но Брозовиќ отсекогаш тврдеше дека приоритет му е останување на „Џузепе Меаца“.
Кинеските газди решија да ја наградат ваквата лојалност, исполнувајќи ги барањата што Брозовиќ ги имаше во преговорите за нов договор. Според италијанските медиуми, тој ќе има загарантирана плата од 6,5 милиони евра по сезона, плус уште потенцијални еден милион евра годишно поврзани со бројот на настапи и освоени трофеи во дресот на Интер.
За разлика од Марсело Брозовиќ, за очекување е од Интер летово да си замине вториот хрватски репрезентативец, Иван Перишиќ. И неговиот договор исто како и оној на Марсело истекува на крајот од сезонава, но „нероаѕурите“ се уште немаат испратено конкретна понуда за продолжување на соработката, отворајќи ја вратата за заминување на Перишиќ како слободен играч во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА