ЕКИПА во Палермо, Италија
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Италија во баражот за пласман на Светското првенство кое на крајов на годинава ќе се игра во Катар.
„Црвено-жолтите“ го почувствуваа теренот на „Ренцо Барбера“ на кој утре од 20.45 часот ќе го одиграат можеби и најважниот натпревар во нивната кариера. Селекторот Боби Милевски ги даде последните инструкции на своите играчи кои утре ќе му се спротистават на актуелниот европски шампион.
Македонија иако е аутсајдер на овој меч сепак репрезентативците влегуваат со доза на самодоверба на утрешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА