Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се последните патници на Ф4 турнирот на машкото издание од Националниот куп на Македонија. Вечерва битолчани славеа убедлива победа над Прилеп од 22-38.
Еурофарм Пелистер 2 уште во првото полувреме ги разреши сите дилеми и на пауза замина со позитива од 20-11. До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 38-22. Ненад Белистојановски со девет и Емилијан Ѓорѓовски со седум гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Давор Шокоски со шест гола.
Претходно пласман на Ф4 турнирот обезбедија и Вардар, Еурофарм Пелистер и Бутел. Турнирот на најдобрите четири екипи е закажан за 14. и 15. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА