Кошаркарите на францускиот Монако стигнаа до голема победа во борбата за топ 8 во Евролигата откако на домашен терен славеа над грчкиот Олимпијакос со 92-72 во 31. коло во континенталното натпреварување.
Грците беа подобар противник само во првата четвртина која ја добија со три поени разлика (19-22). Кнезевите одиграа неверојатен втор период во кој на противникот му дозволија само девет поени и на пауза заминаа со убедлива предност од 48-31. До крајот го исконтролираа мечот за конечни 92-72.
Мајк Џејмс со 25 поени повторно беше прво име кај Монако, додека кај Олимпијакос Фол заврши со 18 поени.
Во останатите два натпревари од денешната понуда АСВЕЛ триумфираше на гостувањето кај Жалгирис во Каунас со 68-72, додека Басконија беше сигурна на домашен терен против турскиот Фенербахче со 77-62.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА