ЕКИПА во Палермо, Италија
Владимир Булатовиќ
Италија беше најголемото изненадување на ЕВРО 2020 минатата година освојувајќи ги симпатиите со својата игра на сите неутрални љубители на фудбалот од Стариот континент. Повеќе од заслужено стигна до европската круна, што го издигна Роберто Манчини до херој на нацијата!
Под негово водство, „азурите“ претходно низ квалификациите победија на 21 натпревар од 30, вклучително и победи на сите 10 квалификацики натпревари, а успешниот пат го заокружи со феноменалните игри на Европското првенство и освоениот трофеј.
„Нашата хемија е еден вид магија“ – ќе истакне тогаш капитенот Џорџо Кјелини.
Но, таа магија како да ја снема во квалификациите за СП. Фактот дека не успеаја директно да се пласираат на Мундијалот во Катар беше огромно разочарување за љубителите на фудбалот во земјата. Италијанците, препознатливи по својот темперамент, признаваат само успеси, па затоа и разочарувањето од квалификациите за СП се уште ги држи. Но, веруваат дека на крај ќе патуваат во Катар.
Најголемата сила на оваа Италија, како и да е, е тоа што најде добра рамнотежа меѓу напаѓачкиот фудбал и одбранбената цврстина, Во состав кој нема вистинска суперѕвезда, Џанлуиџи Донарума е секогаш подготвен да биде вест број еден. Никој не се сомнева во неговите квалитети, со неговата мешавина од висина, плус рефлекси и зрелост, кои многу ретко може да се видат кај 23-годишен голман, но има повеќе од сериозни мани, кои беа очигледни изминатиот период во дресот на ПСЖ, кои противниците сакаат да ги користат.
ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЗА ДУЕЛОТ СО МАКЕДОНИЈА
Манчини ќе стартува со речиси целиот тим што беше стандарден за време на ЕВРО 2022, со исклучок на фудбалерите кои се повредени.
Донарума ќе стартува на голот, а на десен бек Флоренци се очекува добие шанса пред Де Шилјо, во ситуација кога Ди Лоренцо е повреден. Спинацола веќе подолго време е „во аут“, што ќе значи нова шанса на лев бек за Емерсон Палмиери, додека Мансини и Бастони се очекува да бидат на стоперската линија, на местото искусниот Кјелини, кој и самиот неодамна се врати од повреда, а Манчини вчера изјави дека „тој најверојатно нема да може да биде стартер и на двете средби во март“. Доколку Кјелини почне од клупата за резерви, тоа ќе значи шанса од првата минута за Бастони од Интер.
Кога станува збор за средниот ред, тука нема премногу дилеми, Жоргињо ќе ја има улогата на последен играч за врска, а нешто пред него ќе делуваат Верати и Барела.
Во напаѓачкото трио ќе недостига Киеза, чие место од првата минута ќе му припадне на Берарди од Сасуоло. Чиро Имобиле ќе биде најистурен во нападот на Италија, а лево од него ќе дејствува капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА