Репрезентативната пауза заврши, а ракометарите на Вардар веќе се фокусираат на пеколниот распоред пред актуелниот македонски првак.
Имено, „црвено-црните“ в сабота ги очекува големото дерби во мак-ракометот против Еурофарм Пелистер, кој ќе биде увертира за првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампиоинте со Веспрем. Според капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов, состојбата во екипата значително се подобрила со тренерската смена, заминувањето на Веселин Вујовиќ и преземањето на кормилото од страна на Давид Дејвис.
„Мечот со Еурофарм Пелистер е важен за нас, но не е дуел што ќе го реши првенството. Секако дека со победа ќе ја подобриме ситуацијата на табелата во борбата за титулата и ќе сториме се за да славиме, заедно со Комити на кои им честитам 35 години од постоењето. Можам да кажам дека дека добро работиме, со доаѓањето на Давид Дејвис сме на вистински пат за да ја оствариме целта – да го вратиме тимот каде што припаѓа, без претерување на амбициите“, истакна Стоилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА