У21: Лоша игра, Македонија поразена на гостувањето кај Србија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби на гостувањето кај Србија со 2-1 во натпревар од 7. коло во квалификациската група Х за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. Нашите надежи одиграа слаб меч во кој во неколку наврати Денковски успеваше да го спаси нашиот гол, а во нападот постигнавме гол од единствената шанса која ја имавме на мечот.

Србите многу брзо дојдоа до водство откако по корнерот на Терзиќ во 9. минута, целата наша одбрана „заспа“ и го остави сам Пантовиќ на втората статива кој со биеше со глава и го матираше голманот Денковски за 1-0.

До крајот на првото полувреме Србија можеше да ја удвои предноста, но неверојатниот Денковски со две интервенции во еден напад успеа да ја задржи нашата негатива од еден гол.

 

Во второто полувреме Србите го контролираа мечот, а избраниците на Драги Канатларовски не успеаја да створат ниту една посериозна шанса, особено по вториот жолт картон кој го доби Бесар Исени во 67. минута.

Србите сепак успеаја да ја удвојат предноста во 82. минута преку Јовиќ кој успеа да стрела по новата феноменална одбрана на Денковски, кој овојпат не успеа самиот да спречи уште еден гол на Србите. По примениот гол веднаш следеше наш одговор, а резервистот Димовски во првата шанса за нашиот тим успеа да намали на 2-1.

Сепак, до крајот не успеавме да стигнеме до гол за реми, а Србија ја забележа втората победа во овие квалификации.

Се вчитува...