ЕКИПА во Палермо, Италија
Владимир Булатовиќ
Роберто Манчини ги разреши сите дилеми околу стартниот состав на Италија за вечерашната пресметка со Македонија, оставајќи го Џорџо Кјелини на клупата за резерви на „аѕурите“.
Искусниот дефанзивец беше во трка со времето во изминатите десетина дена, но Манчини реши дека ризикот е преголем, чувајќи го Кјелини за вториот меч од овој мартовски репрезентативен прозорец, доколку Италија успее да ја мине Македонија.
Во отсуство на тандемот на Јувентус (Бонучи – Кјелини), италијанскиот селектор вечерва се реши за двоецот Манчини (Рома) и Бастони (Интер).
Што се однесува до остатокот од стартниот тим, нема никакви изненадувања, Донарума ќе биде на голот, Флоренци и Емерсон Палмиери на бековските позиции, на средината се Верати, Жоргињо и Барела, додека во напаѓачкото трио предност пред останатите добија Инсиње, Берарди и Имобиле.
Play Off 🌍 #Mondiale
Gli 11 #Azzurri 💙 scelti dal Ct Mancini per
🇮🇹 #Italia 🆚 #MacedoniaDelNord 🇲🇰
⏱️ Oggi, ore 20.45
🏟️ Stadio “Renzo Barbera” – #Palermo
📺 In diretta su #Rai1 #Qatar2022 #ITAMKD#Azzurri #Nazionale #VivoAzzurro pic.twitter.com/2gYdSanejv— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) March 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА