Македонија е на победа од пласман на Светското првенство 2022 во Катар откако во полуфиналето од баражот за пласман на истото славеше со 1-0 над европскиот шампион Италија сред Палермо.
Во големото финале избраниците на Милевски за противник ќе ја имаат Португалија која денеска славеше над Турција со 3-1.
По натпреварот селекторот на Португалија, Фернандо Сантос го коментираше пласманот во финалето, но имаше и пофални зборови за нашата репрезентација.
„Како што велев од самиот почеток, овие натпревари сите се финални. Првото финале го добивме, сега не чека второто. Целиот фокус ќе биде ставен на тој натпревар. Ќе биде тежок натпревар против Македонија, немам дилеми за тоа. Не може да биде поинаку против тимот кој ја елиминираше Италија“, изјави искусниот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА