Кога се игра во обложувалница, не се типува на клубот или репрезентацијата што навиваш. Ова е првото и основно непишано правило во обложувањето, чие прекршување им донесе значителни добивки на бројни Македонци по извонредната победа во Палермо.
Нашата препорака за „сингл на денот“ исто така беше патриотска, типување Х2 и 0-2 гола, која имаше одличен коефициент од 7,75 и во кобинација за триумф на Португалија направи квота од 10.
За сите кои го одиграа овој „сингл на денот“, но и за сите останати кои веруваа во Македонија и вложија и добија пари на нашата репрезентација, со алал нека ја трошат добивката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА