Езгијан Алиоски расположен како и секогаш пристигна во Скопје, пресреќен по големата победа над европскиот првак Италија. Левиот бек на македонската репрезентација беше презадоволен од изданието во Палермо, но истовремено искажа и разочараност што се уште не е обезбеден тој толку посакуван прв мундијалски пласман.
Според Алиоски, Македонија тоа го заслужила со тоа што во овие квалификации ги совлада на гостински терен најпрвин Германија, а потоа и Италија.
„Беше многу тешко во Палермо, но сите верувавме во овој наш тим, во потенцијалот што го поседуваме. Пред нас е нов тежок предизвик, дуел со Португалија. Ние знаеме кои сме и што можеме, веќе ги победивме и Германија и Италија. Вистинака штета е што со две победи за нецела година над овие два гиганти се уште не сме на СП. Јасно ни е колку ќе ни биде тешко во Порто, но како и досега, сите заедно, обединети, ќе дадеме се од себе и ќе се обидеме да ја израдуваме Македонија“, истакна Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА