Илија Несторовски беше стандарден во голем дел од овој квалификациски циклус, но преселбата на клупата на Удинезе и недобивањето шанса на клупски план придонесе тој да не биде дел од македонската репрезентација на СП 2022.
Поранешниот ас на Палермо се најде во центарот на вниманието на италијанските медиуми, а Несторовски не ја криеше гордоста од изданието на своите репрезентативни колеги.
„Еден ден по натпреварот, чувството е прекрасно. Среќен сум бидејќи направивме нешто неверојатно, овие момци испишаа историја, победија против европскиот првак, моќен тим како Италија. Јас сум горд Македонец. Сега пред нашата репрезентација е уште еден важен дуел, со Португалија во вторник. Треба да се одморат, да се наполнат со енергија, не се ни сомневам дека ќе дадат 100% од своите можности. Португалија е фаворит, но нашите играчи ќе дадат се од себе за да стигнат до мундијалски билет“, истакна Несторовски во изјава за италијанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА