Дури и мајката на Манчини против својот син: Италија загуби од Македонија поради двајца играчи!

Поразот од Македонија и пропуштената шанса за пласман на СП уште долго ќе стои како дамка на лицето на Италијанците, а на столбот на срамот во татковината е селекторот Роберто Манчини, кој за само осум месеци ја загуби „титулата“ – херој на Апенините.

Неочекувано, во медиумите на Италија одекна и гласот на мајката на Манчини, која без пардон го осуди тимот на фудбалери повикани за дуелот против „црвено-жолтите“.

Многу од одлуките на Манчини наидоа на контроверзии, па и неговата мајка не била воодушевена од некои од решенијата.

Главната замерка на Маријана Пуоло, мајката на Манчини, била тоа што Роберто не го повикал Марио Балотели за пресметката со Македонија, верувајќи дека темпераментен напаѓач како Марио ќе направи разлика на вакви натпревари.

Меѓутоа, проблемот оди многу подлабоко од она што го видовме во Палермо во четвртокот вечерта, а според критичкото око на мајката на Манчини, коренот на неуспехот лежи во дури трите промашени пенали на Жоржињо за време на квалификациите.

Да потсетиме, Македонија славеше против Италија со 1-0 и со тоа го доби финалето од плеј-офот на Светското првенство, додека Азурите вторпат по ред останаа без светски шампионат.

Се вчитува...