Фудбалска Италија доживеа шокантна елиминација (0-1) од Македонија во дополнителните квалификации на патот кон мундијалот, но селекторот Роберто Манчини се уште ја има поддршката од Фудбалската федерација.
Актуелните европски шампиони во полуфиналето од дополнителните квалификации загубија во Палермо. За само неколку месеци, сега расположението во Италија е разочарувачко.
Претседателот на ФСИ (Фудбалскиот сојуз на Италија), Габриеле Гравина истакна дека Роберто Манчини е извонреден тренер, па потенцираше дека и понатаму сака да остане на чело на слекторското место.
„Се надевам дека Манчини ќе продолжи со нас и ќе остане на селекторската функција“, вели претседателот Габриеле Гравина, иако Италија вторпат по ред ќе го следи Светското првенство од дома.
Актуелните европски шампиони во полуфиналето од дополнителните квалификации загубија во Палермо. За само неколку месеци, сега расположението во Италија е разочарувачко.
„Се радувавме минатото лето. Бевме европски шампиони и со задоволство ги прифативме сите пофалби. Сега мораме да бидеме доволно силни за да ги прифатиме сите критики бидејќи тоа го заслужуваме. Но, сепак го гледаме Манчини како дел од проектот. Верувајте дека продолжуваме да одиме заедно. Сакам да ја кренеме главата и да се обидеме да избегнеме што е можно повеќе штета“, изјави 68-годишниот Гравина.
Манчини е на италијанската клупа од 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА