Ибрахимовиќ: Порано ме игнорираа, но денес мојот нос стана убав за многу девојки!

Контроверзниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ успеа повторно да го привлече вниманието на светската јавност, но и да ги насмее фановите.

Швеѓанецот во изјава за медиумите се присети на детството, па истакна дека девојките тогаш го игнорирале заради големиот нос.

„Девојките во моето училиште го мразеа мојот убав долг нос,без разлика колку и да се се обидуваав да ги импресионирам. Но, кога почнаа да го гледаат мојот убав долг нос по големите клубови и на телевизија, ме нарекуваат сладок, бидејќи Златан Ибрахимовиќ сега заработува многу пари“, изјави Ибра.

 

 

Се вчитува...