ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар потклекна пред битолската артилерија

Еурофарм Пелистер испушти победа на претходното дерби во Битола, но „фармацевтите“ не дозволија историјата да се повтори и денеска, па стигнаа до огромен триумф во Скопје со кој значително си ги зголемија шансите во трката за титулата.

Вардарци влегоа полни со самодоверба во ова дерби, но потклекнаа пред битолската артилерија, која и без капитенот Периќ им создаде многу проблеми. Дури и кога Томовски влезе во серија на одбрани, „пелистерци“ на спротивната страна го имаа фантастичниот Марко Кизиќ, кој ги запре поранешните соиграчи трасирајќи го патот до победата.

Едно е сигурно, трката за титулата во мак-ракометот одамна не била толку интересна, а неизвесноста ќе трае до самиот крај…

Се вчитува...