За секој, и најмал познавач на македонскиот фудбал, е повеќе од јасно од колкаво значење е присуството на Аријан Адеми во дресот на македонската репрезентација.
Така ќе биде и во вторник на дуелот против Португалија во Порто во последниот натпревар на патот до Мундијалот во Катар, ако се суди по вчерашниот одработен тренинг, првиот по враќањето од Италија.
Сите во националниот тим веруваат дека Адеми ќе биде повторно „фит“ затоа што големиот борец е моќна „алка“ во составот која и е повеќе од неопходна на Македонија. Капитенот на Динамо Загреб, и покрај проблемите со комплетната физичка подготвеност поради подолгото отсуство од терените поради повредата, во Палермо одигра 60 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА