На Единсон Кавани му истекува договорот на крајот од сезоната и тој ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч.
Шпанските медиуми откриваат дека Кавани започнал преговори со Реал Сосиедад и дека Уругваецот е многу заинтересиран за преселба во Сан Себастијан.
Кавани има неколку понуди од Јужна Америка, се споменуваа Бока Јуниорс и Пењарол, но тој верува дека може да игра уште малку во Европа.
Реал Сосиедад е тим кој секоја сезона се бори за место во Европа и звучи како интересен тим. Минатото лето дојде и Давид Силва, па во Сосиедад веќе е тренд да доведуваат великани на залезот од кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА