Младата репрезентација на Македонија го продолжува квалификацискиот пат за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.
Нашите млади фудбалери комплетно се насочени кон дуелот против Фарски Острови, во 8. коло од групата Х од квалификациите. Вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Драги Канатларовски го одработија предвидениот тренинг во 16. часот под одлични услови.
Дуелот против незгодната селекција на Фарски Острови е закажан на 29. март, на националната арена „Тодор Проески” во 18. часот. Пред пет дена Македонија беше поразена од Србија на стадионот на ФК Вождовац во Белград со минимални 2-1. Во досегашните 7. кола од тековните квалификации Македонија има освоено шест бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА