Бобан Стајиќ – најдобар асистент во АБА2! (ВИДЕО)

Дебитантската сезона на Пелистер во АБА2 натпреварувањето не помина во најдобро светло. Битолчани регуларниот дел од сезоната го завршија на 11. место на табелата со учинок од четири победи и девет порази, но „зелено-белите“ имаат причина за радост бидејќи Бобан Стајиќ по регуларниот дел на сезоната е најдобар асистент на првенството.

Македонскиот репрезентативец на 13 одиграни средби оствари вкупно 90 асистенции или 6.9 во просек со што се најде на врвот на листата, интересно пред доскорешниот плејмејкер на МЗТ Скопје Дастин Вер.

Стајиќ два пати ја надминуваше двоцифрената граница на остварени асистенции, на дуелите против Сутјеска и Младост кога оствари 12, односно 11 асистенции, а на последната средба против Спарс девет пати асистираше до своите соиграчи.

Се вчитува...