Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа пред уште еден голем-историски предизвик, имајќи предвид дека ја очекува бараж за пласман на Светското првенство против селекцијата на Португалија.
Противникот е преполн со светски ѕвезди од најсилните лиги, но момците кои ги предводи Благоја Милевски покажаа и против Италија дека можат да се надигруваат со сите.
Во пресрет на утрешниот натпревар, официјалниот профил на ФИФА за Светското првенство во Катар посвети објава за истиот и напиша: „Едноставно прашање: Кој ќе оди во Катар?“.
На илустрацијата се најдоа Кристијано Роналдо, Жоао Мутињо и Диого Жота од Португалија, а кон нив гледаат Александар Трајковски, Стефан Ристовски и Енис Барди.
Дуелот меѓу Португалија и Македонија на „Драгао“ е закажан за утре (вторник) со почеток од 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА