ЕКИПА во Порто, Португалија
Владимир Булатовиќ
Македонската фудбалска репрезентација утре на „Драгао“ во Порто ќе и гостува на Португалија во историскиот натпревар во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.
„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Благоја Милевски вечерва го одработеа официјалниот тренинг. Го почувствуваат теренот на стадионот на Порто, каде утре ќе ги пречека „вистински пекол“ како добредојде од 50.000 Португалски навивачи кои имаат само една мисла, а тоа е да ја видат својата земја во Катар.
Атмосферата во нашиот табор е одлична и покрај тоа што сме аутсајдери на овој меч одиме на победа и да се пласираме на мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА