ЕКИПА во Порто, Португалија
Владимир Булатовиќ
Македонските навивачи го „окупираа“ Порто. „Фалангата“ е расположена низ центарот на градот, и се подготвува за вечерашниот натпревар. Македонија и дефинитивно ќе ја има поддршката на „Драгао“.
Многу македонски знамиња и распеани навивачи може да се забележат на неколку часа пред натпреварот во Порто. Исто онака како што беше во Палермо.
„Фалангата“ ќе биде 12-ти играч вечерва, а се очекува околу 2.500 македонски навивачи да бидат присутни на „Драгао“ и да го гледаат историскиот натпревар на Македонија.
Погледнете го расположението на фановите низ ФОТОГАЛЕРИЈА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА