Шведска синоќа не успеа да обезбеди учество на Мундијалот во Катар. Во баражот загуби од Полска, па така Ибрахимовиќ и Кулушевски останаа без учество на Светсткото првенство во Катар.
И покрај елиминацијата, 40-годишниот Ибрахимовиќ не размислува за повлекување од селекцијата на Швеѓаните.
„Се надевам дека ќе продолжам. Додека сум здрав и додека можам да придонесам, ќе играм“, рече Ибрахимовиќ.
Потоа зборуваше и за натпреварот.
„Во првиот дел можевме да постигнеме гол. Во исто време имаа шанси и Полска. Во вториот дел веднаш постигнаа гол, иако можеѓе многу лесно да се сврти натпреварот и ние да победиме. Сите сме разочарани. Сакавме да играме на Светското првенство, но за жал, тоа нема да се случи“, изјави Швеѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА