Поразите се најдобрата мотивација за идните предизвици (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Порто, Португалија

Владимир Булатовиќ

Македонија загуби на „Драгао“ од Португалија во финалето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар оваа година, но се чини заврши како победник од мартовскиот собир во кој одигра два исклучително тешки дуели против светски фудбалски гиганти.

Патот по кој се движи националниот тим и дефинитивно е „поплочен“ со надеж, мотив и дополнителен поттик за сите идни предизвици. А, пред оваа генерација и Благоја Милевски ќе ги има уште многу.

Поразите, велат, се најдобрата мотивација за идните предизвици. Поразот, како таков, и од поранешниот европски шампион Португалија предводен од еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо треба и дефинитивно да биде добар поттик во иднина да се стремиме кон европските височини. Затоа што само така и ќе се доближиме до посакуваниот европски и светски врв, кој засега е се уште далеку…

 

Се вчитува...