Циципас елиминиран од Алкараз, Осака до полуфинале во Мајами

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас продолжува да се мачи во новата тениска сезона. Тој синоќа беше поразен од Шпанецот, Карлос Алкараз во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами со 2-0 по сетови 7-5 и 6-3.

Минатогодишниот победник, Уберт Хуркач од Полска, славеше над Лојд Харис од Јужна Африка со 2-0 (7-6 и 6-2), додека младиот српски тенисер беше подобар од освојувачот на Индијан Велс, Тејлор Фриц со 2-1 (3-6, 6-1 и 6-4).

Кај дамите Наоми Осака стигна до убедлива победа над домашната тенисерка Колинс со максимални 2-0 (6-2 и 6-1) и во полуфиналето ќе игра со Швајцарката, Белинда Бенчиќ која исто така со максимални 2-0 (6-1 и 6-2) беше подобра од Австралијанката, Дарија Савил.

Се вчитува...