Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа беше поразена од Португалија со 2-0 во финалниот бараж за Светското првенство во Катар, но не можеме да бидеме разочарани затоа што македонските фудбалери прикажаа одлична игра и беа достојни противници на едни од најдобрите репрезентации во светот.
Езџан Алиоски максимално им се спротивставуваше на португалските ѕвезди на вчерашниот мундијалски плејоф во Порто, а еден негов дуел стана хит на социјалните мрежи. Фудбалските фанови внимателно го проследија блискиот контакт на Алиоски со Диого Жота, во кој двајцата играчи не само што вербалмо се расправаа, туку имаа и директен контакт со лицата.
На социјалните мрежи се појавија многу коментари за „љубовта“ меѓу двајцата фудбалери, но и интересни илустрации на сцената.
Jota e o Alioski 😗#portugalmacedonia #Portugal pic.twitter.com/t37oO7vihn
— Nuno de Matos (@NunodeMatos) March 29, 2022
Volku blisku bevme do svetsko :( pic.twitter.com/ZqNCALMh6B
— Тајпо Егзотик (@alegorija) March 29, 2022
Alioski and Jota pic.twitter.com/iyGfwkCStE
— Steezy (@Steeezzzzzz) March 29, 2022
— Munji_Tkatka (@MoonYeeTkaTka) March 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА