Националниот тим на Австрија остана без селектор откако Франко Фода и австриската федерација се договорија за спогодбен раскин на договорот кој истекуваше во 2023 година. Фода заминува откако Австрија беше поразена од Велс во полуфиналето на баражот, со што Австријците останаа без Мундијал.
Фода вчера на прес-конференција ја соопшти одлуката за негово заминување, иако имаше уште 15 месеци од договорот, а се шпекулира за сума од 1 милион евра.
Вчера Австрија во пријателски меч одигра со Шкотска, односно одиграа двата поразени во баражот. Австрија инаку беше во квалификациите за ЕВРО во група со Македонија, а потоа и на ЕВРО беше заедно со Македонија, и успеа три пати да ја победи нашата селекција. На трите меча ја предводеше токму Фода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА