Македонскиот кошаркарски интернационалец Марко Симоновски го заврши својот престој во иранското првенство и својата кариера ќе ја продолжи во францускиот шампионат.
Искусниот бек, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на францускиот второлигаш Мориен. Во новиот клуб Симоновски му се приклучи на својот соиграч од Кожув, Чаз Вилијамс кој се пресели таму на почетокот на јануари.
Мориен се наоѓа на десеттата позиција во француската втора лига со биланс 12/13, идентичен како деветтопласираниот Лил. Лидерот на крајот на основниот дел изборува директен пласман во Про А, а екипите од втората до деветтата позиција играат во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА