Дончиќ и Јокиќ незапирливи, одлична вечер и на Богдановиќ

Лука Дончиќ и неговиот Далас се пласираа во осминафиналето од разигрувањето за титула во НБА лигата откако изминатата вечер славеа со 112-120 на гостувањето кај Кливленд. Словенскиот интернационалец повторно беше првото име во својот тим со 35 поени и 13 асистенции, а само еден скок го делеше од трипл-дабл учинок.

На чекор од заверка на место во плејофот се и Денвер и Никола Јокиќ кои изминатата вечер славеа на гостувањето кај Индијана со 118-125. Србинот со 37 поени, 13 скока и 9 асистенции одново беше лидер на својот тим, додека Хилд реализираше 20 поени за домаќините.

Одлична вечер имаше и Богдан Богдановиќ кој во победата над Оклахома со 118-136 беше втор стрелец на својот тим со 20 поени и 3 асистенции. Хокс ги предводеше Тре Јанг со 41 поени и 8 асистенции, додека 25 поени и 4 скока за домаќините постигна Ватерс.

Изминатата вечер на победи се радуваа и Вашингтон, Мајами, Шарлот, Торонто, Сакраменто, Мемфис, Феникс и Њу Орлаенс.

Се вчитува...