Стоилов: Тежок пораз, но ние ќе дадеме се од себе и на реваншот во Унгарија

Ракометарите на Вардар доживеаја убедлив пораз на домашен терен (22-30) од Веспрем во првиот меч од осминафиналната рунда во годинашното издание од Лигата на шампионите.

Капитенот на Вардар, Столе Стоилов вели дека иако е тежок пораз како и во животот така и во спортот се е отворено во реваншот.

„Сакам да им честитам на Веспрем за победата. За сите нас е ова тежок пораз, но и тие се дел од спортот. Почнавме добро и игравме одлично во првите петнаесет минути. Нашите грешки во нападот беа клучни за поразот. Веспрем и пред мечот беше фаворит, а ние не успеавме да ги изненадиме. Сепак, ова е ракомет и како и во животот и во ракометот се може да се случи. И одиме максимално на реваншот во Унгарија“, изјави Стоилов.

Реваншот меѓу Веспрем и Вардар кој ќе се игра во Унгарија е закажан за 6. април со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...